МВР информира дека доцна синоќа околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с. Пиширово – с. Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с. Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот.
Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.