Бизнис

(Фото): Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа

Според досега објавените податоци на „Евростат“, инфлацијата во Еврозоната во август се проценува на 3,3%, наспроти 2,6% во Македонија. Во јули инфлацијата во Еврозоната изнесуваше 2,9%, додека во Македонија беше 2,3%. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од Еврозоната.

Најновите податоци за август покажуваат продолжување на стабилизирањето на цените и позитивните движења во македонската економија. Годишната стапка на инфлација во август изнесува 2,6 проценти, додека во истиот месец во 2022 година инфлацијата изнесуваше дури 16,8 проценти. Тоа покажува колку значително е намален инфлацискиот притисок во споредба со периодот кога граѓаните и стопанството се соочуваа со силен раст на цените, се вели во соопштението на Владата на Македонија.

Од досега објавените податоци на Евростат за август, пониска стапка од 2,6 проценти имаат Финска со 2,4 проценти, Малта со 1,9 проценти и Естонија со 1,3 проценти. Истовремено, повисока инфлација имаат голем број европски економии, меѓу кои Бугарија со 5,1 проценти, Шпанија со 4,5 проценти, Белгија со 4,2 проценти, Хрватска со 3,7 проценти, Грција со 3,7 проценти, Словенија со 3,4 проценти, Италија со 3,2 проценти и Германија со 2,9 проценти.

Овие податоци се особено важни ако се има предвид дека инфлациските притисоци во Европа повторно се засилуваат. Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 2,9 проценти во јули на 3,3 проценти во август, при што енергетската компонента бележи годишен раст од 14,3 проценти.

Македонија, во услови на повторно засилени надворешни ценовни притисоци, успева да ја одржи инфлацијата на релативно ниско ниво. Ова е уште еден позитивен економски показател на почетокот на септември. Индустриското производство во јули бележи раст од 1,3 проценти на годишно ниво, а во првите седум месеци од годината е зголемено за 0,9 проценти.

  • Од инфлација од 16,8 проценти во август 2022 година до 2,6 проценти во август 2026 година. Од ценовни шокови кон стабилизација. Од економска неизвесност кон раст и поголема предвидливост. Македонската економија се стабилизира, а позитивните показатели од почетокот на септември даваат основа овој тренд да продолжи“, соопшти Владата на Македонија.

Последните економски показатели треба да се гледаат како целина – раст на индустриското производство, раст на економијата и стабилизирање на инфлацијата на ниво пониско од еврозоната. Владата останува целосно посветена на политики коишто ќе обезбедат стабилност на цените, заштита на животниот стандард, повисоки плати и пензии, нови инвестиции и забрзан економски раст.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top