Македонија

Ни М од Македонија – Албанка од Македонија во дуел со лидерката на АФД

Албанка од Македонија ја вжешти германската дебата за лојалност кон државата во дуел со лидерката на крајнодесничарска АФД

Во видеото објавено од ТВ програмата Morgenmagazin (МОМА) се одвива размена меѓу Алис Вајдел (Alice Weidel), лидерка на германската популистичка партија AfD која победи ма покраинските избори во Долна Саксонија и млада Албанка од Македонија која живее во Германија.

Размената на ставови меѓу неименуваната Албанка од Македонија и лидерката на АФД се случува по убедливата победа на AfD на изборите во Долна Саксонија во неделата.

Семејството на девојката има албански корени, и таа инсистира дека се чувствува истовремено Германка и Албанка.

Прашува за програмата на AfD, која е против двојното државјанство:
„Дали ме прифаќате мене како што живеам овде?“

Вајдел ја фали девојката за одличната биографија која ја прочитала внимателно но и порачува дека таа ќе мора да се одлучи дали ќе биде целосно лојална на Германија или во случајов на албанската националност, затоа што албанката од Македонија не ја спомнува Македонија како припадност.

„Главната идеја е оваа: во одреден момент, човекот мора да направи декларација за припадност“, вели Вајдел која во врска со двојното државјанство смета дека тоа е во ред само ако сте целосно лојални на Германија.

,,Ако си роден во САД или, во овој случај во Македонија и потоа дојдеш во Германија, „тогаш природно можеш да имаш две државјанства но само ако си целосно интегриран“, порачува Вајдел.

Кога девојката вели дека се чувствува истовремено Германка и Албанка (во нејзиниот случај пишува „германско-македонска“), Вајдел одговара:

„Не. Само што ви објаснив кој е контекстот“, одговара Вајдел и додава во врска со лојалноста дека ако некој повеќе му припаѓа на Ердоган отколку на Германија, тогаш тоа може да доведе до одземање на германското државјанство.

Вајдел всушност ја брани познатата позиција на AfD според која двојно државјанство е можно само при целосна интеграција и јасна лојалност кон Германија. Во спротивно ако лојалноста е кон друга земја или лидер, може да се изгуби германското државјанство.

Најнови вести од: Македонија

Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија

„Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес нè обединува љубовта кон Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката

Денот кога народот кажа „Гласам за Македонија“ (ВИДЕО)

8 Септември 1991, е еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – ден кога граѓаните, во услови на распаѓање на поранешната југословенска федерација, демократски ја избраа самостојноста како пат за иднината на државата

To top