Денеска се навршуваат пет години од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, а десетина беа повредени. Од жртвите, 12 биле пациенти кои се лекувале од Ковид-19, а двајца нивни блиски роднини.
По долготрајниот судски процес, директорите на тетовската болница Флориан Бесими и Артан Етеми беа осудени на по три години затвор за тешки дела против општата сигурност. Правнотo лице Клиничка болница Тетово доби парична казна од 1,3 милиони евра.
Во август годинава Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја затвори истрагата за јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници во земјава. Обвинителството оцени дека не постојат основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување или за друго кривично дело што се гони по службена должност.
Трагедијата од септември 2021 година останува еден од најтешките инциденти поврзани со ковид-кризата во Македонија.