Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостуваше во албанската телевизија СОТ7, каде говореше за состојбата на македонската заедница во Општина Пустец и за активностите на бугарските фондации во Преспа и Албанија.
Во разговорот со новинарот Илир Шута, Стерјовски се осврна на донациите од бугарски фондации, но и на, како што истакна, политичката и идентитетската заднина на овие активности.
Стерјовски нагласи дека македонската заедница не е против инвестиции и помош од која било држава или организација, но дека тие не треба да се користат за влијание врз националниот идентитет на жителите.
Во интервјуто беа отворени и прашањата за бугарските активности за време на пописот во Албанија, работата на фондацијата „Бугарска меморија“, како и за судскиот спор меѓу фондацијата и МАЕИ.
Стерјовски најави и нови правни чекори пред албанските институции во врска со активностите и финансиското работење на бугарските фондации во Албанија.
Целиот разговор, во кој се отвораат низа прашања поврзани со положбата и идентитетот на Македонците во Албанија, „Македониум“ го објавува во прилог на оваа вест.
Погледнете го целото интервју во видеото.