Македонија

Мухамеди: Сè додека народот во РМ не сфати дека браќа се сите што јадат леб под ист покрив, нема да нè биде

Адвокатот Умејр Мухамеди со обединувачка честитка за Денот на независноста на Република Македонија

Адвокатот Умејр Мухамеди со обединувачка честитка за Денот на независноста на Република Македонија.

„Политичките партии и сите политичари Албанци и Македонци од првиот ден на осамостојувањето на Македонија не поделија на Албанци и Македонци, но тогаш сите бевме до некаде сиромашни. Денес делбите траат, повторно сме поделени на Албанци и Македонци, само некои од нас се многу богати, некои ептен сиромашни, а некои си избегаа од државата.

Во ваква состојба на колективно лудило се продлабочија поделбите помеѓу нас, па така Албанците си ги сметаат за браќа Косоварите и Албанците од Албанија, а Македонците, пак, си ги сметаат за браќа Србите, а некои Бугарите.
Сè додека овој јаден народ што живее на оваа територија на Република Македонија не сфати дека браќа се сите тие што живеат во иста куќа и јадат леб под ист покрив, делат исти проблеми, делат и добро и лошо, нас никогаш нема да нè биде.
ЧЕСТИТ 8-МИ СЕПТЕМВРИ!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!“, објави Мухамеди на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

To top