Хроника

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

На средбата со раководството на Тетовскиот Универзитет се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебна нагласка на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните.

При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност. Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“. Според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди.

„Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски. Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top