Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

future artificial intelligence robot and network system background

Според најновите резултати од меѓународното оценување на учениците ПИСА 2025 забележан е пад на резултатите во читањето и математиката на глобално ниво. Во Македонија, 15-годишните ученици имаат пониски резултати по математика во споредба со 2022 година, додека постигнувањата по читање и наука остануваат на приближно исто ниво. Тестирањето ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации, покажало и дека учениците во земјава постигнале пониски резултати од просекот во сите три главни области, како и во делот за решавање компјутерски проблеми. Исто така, од тестирањето може да се види и дека најголем дел од учениците во земјава се соочуваат со сериозни недостатоци во основните вештини.

Во математиката само 32 отсто од учениците достигнале барем основно ниво на познавање. Просекот на ОЕЦД изнесува 65 проценти. Но, истотака, околу 1 процент од учениците во Македонија постигнале најдобри резултати во математика, што значи дека постигнале ниво 5 или 6 на тестот за математика. науката, околу 36 проценти од учениците во земјава ги совладале основните концепти. Резултатите од ова спроведено тестирање покажуваат и дека овие ученици можат да го препознаат точното објаснување за познати научни феномени и можат да го користат таквото знаење за да идентификуваат, во едноставни случаи, дали заклучокот е валиден врз основа на дадените податоци. Но, во извештајот се потенцира дека во оваа област ниту еден ученик не се искачил на највисоките нивоа 5 или 6.

Околу 26 проценти од учениците во Македонија постигнале ниво 2 или повисоко во читање, но, нити еден од тестираните ученици не ги достигнале највисоките нивоа. -Како минимум, овие ученици можат да ја идентификуваат главната идеја во текст со умерена должина, да најдат информации врз основа на експлицитни, иако понекогаш сложени критериуми и можат да размислуваат за целта и формата на текстовите кога се експлицитно насочени кон тоа – се наведува во резултатите.

Во објавениот извештај со резултатите од ова тестирање се наведува дека во периодот од 2022 до 2025 година е забележано зголемување на јазот меѓу 10 проценти од учениците со најдобри резултати и 10 отсто од оние со најслаби постигнувања во сите три области – математиката, читањето и природните науки. Во однос на употребата на технологијата, дури 33 проценти од учениците во Македонија пријавиле дека нивните соученици често се расеани од дигиталните уреди за време на часовите по наука, што директно се одразува врз постигнувањата – оние кои пријавиле дигитално расејување постигнале во просек за 22 поени пониски резултати. Во обид да го сузбијат овој проблем, се наведува во извештајот 60 отсто од училиштата во земјава вовеле забрана за користење мобилни телефони.

Истовремено, вештачката интелигенција станува секојдневие за македонските ученици. Дури 44 проценти од нив изјавиле дека користат вештачки чет-ботови за училишни задачи барем еднаш неделно, главно за првични истражувања, сумирање текстови и подготовка на писмени состави. Иако социо-економскиот статус останува фактор за успехот, тој во Македонија сочинува 7 проценти од варијацијата во научните достигнувања, што е помалку од просекот на ОЕЦД (12%). -Околу 18 отсто од учениците во неповолна положба во Македонија беа во можност да постигнат резултати во највисокиот квартал од научните достигнувања. Овие ученици може да се сметаат за академски отпорни бидејќи, и покрај нивната социо-економска неповолна положба, тие постигнале образовна извонредност во споредба со учениците во нивната земја – се наведува во извештајот.

Позитивен тренд е забележан кај односот со наставничкиот кадар, каде 80 отсто од учениците наведуваат дека наставниците покажуваат интерес за нивното учење и им даваат дополнителна помош. Од друга страна, забележан е пад на семејната поддршка и дискусиите за училишните проблеми во домашниот амбиент во споредба со 2022 година, како и зголемување на стапките на отсуство од часовите и доцнење на училиште. Оценувањето ПИСА 2025 во Македонија е спроведено врз репрезентативен примерок од 6.977 ученици од 124 училишта, претставувајќи околу 90 отсто од целата популација на 15-годишници во земјата, пренесува МИА.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

To top