Хроника

Скопјанец управувал возило со 2,2 промили алкохол и направил сообраќајка

МВР ќе го гони

На 08.09.2026 на 18:50 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија о слобода С.К.(54) од Скопје, затоа што претходно управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера, а при извршен увид и направени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,2 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top