Регион

Лани во Хрватска само 497 лица извршиле самоубиство

Во средината на 1980-тите и почетокот на 1990-тите години, годишно се евидентирале повеќе од 1.100 самоубиства

 

Во текот на изминатата деценија, бројот на самоубиства во Хрватска генерално опаѓа. Во 2015 година биле евидентирани 717 случаи, наспроти 497 минатата година – што претставува намалување од приближно 31 процент.

Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека 215 самоубиства – или 43,3 проценти од сите случаи – минатата година се случиле кај лица постари од 65 години. Најголем вкупен број на самоубиства е забележан на подрачјето на Полициската управа Загреб (98) и Полициската управа Сплит-Далмација (40).

Податоците од Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ) укажуваат на долгорочен тренд на опаѓање на стапката на смртност од самоубиство во Хрватска. Во периодот од 2001 до 2025 година, стапката се намалувала во просек за 2,3 проценти годишно. Ова опаѓање е малку поизразено кај жените (2,83 проценти годишно) отколку кај мажите (2,28 проценти).

Од HZJZ истакнуваат дека овој тренд на опаѓање е присутен уште од 1999 година. За споредба, во средината на 1980-тите и почетокот на 1990-тите години, годишно се евидентирале повеќе од 1.100 самоубиства.

Мажите значително почесто извршуваат самоубиство од жените, а родовиот јаз со текот на времето се зголемува. Во периодот од 2016 до 2025 година, на секоја жена што извршила самоубиство доаѓале 3,4 мажи.

Во претходната деценија тој сооднос изнесувал 3,1 спрема еден, додека во периодот од 1985 до 1994 година изнесувал 2,5 спрема еден.

Според Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ), бесењето е најчестиот метод на самоубиство и кај двата пола. За време на војната и во повоените години, бројот на самоубиства извршени со огнено оружје значително порасна – особено меѓу мажите – иако во последните години оваа бројка опаѓа. Во 2025 година, самоубиствата со огнено оружје сочинуваа 16,8 отсто од сите случаи.

 

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top