Македонија

Жерновски од СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ се соочува со сериозен проблем

Бихаќка ќе ја враќа власта во рацете на граѓаните

Некогашниот лидер на ЛДП кој сега е секретар за меѓународна соработка на СДСМ тврди дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ имала сериозен проблем за кој ќе биде казнета и дека правдата ќе си го најде својот пат.

Според Жерновски граѓаните биле подготвени да ја бранат Македонија но не кажува дали ќе ја бранат и Северна Македонија која го смени името кога Жерновски беше во владата на СДСМ и ДУИ.

,,Има еден проблем сериозен со којшто се соочува денеска ВМРО и партијата на Мицкоски, а тоа е што таа политика веќе е прочитана од страна на граѓаните.

Граѓаните на нашата земја се спремни, се подготвени да ја бранат Македонија. Тие нема да дозволат да бидат нарекувани талог, тиња, само затоа што размислуваат поинаку од Мицкоски.
Таквата политика на крај, во секој случај, ќе биде казнета”, вели Жерновски кој сака да потенцира дека СДСМ упорно и докрај ќе продолжи да се спротивставува на политиката на поделби, ќе продолжи понатаму да го брани правото на слободно размислување, правото на говор.

,,Секој граѓанин го има тоа право и ќе ја брани политиката на Европска Унија, односно иднината на нашата земја, која припаѓа на политиката на Европската унија.
Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните, а криминалците во рацете на правдата.
Граѓаните ќе победат, Македонија ќе победи”, порача Жерновски на прес конференција.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top