Бизнис

Тренчевска со критика до власта дека седела во удобни фотелји и не преземала ништо

Тренчевска побара од министерот Дурмиши да предложи конкретни мерки до Владата за намалување на трошоците за граѓаните, меѓу кои и намалување на ДДВ-то за дериватите, како и финансиска поддршка за најранливите категории.

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, на собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата упати прашање до министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, дали власта планира да им помогне на граѓаните со соодветни таргетирани мерки за заштита на животниот стандард, посочувајќи дека реалноста е далеку од сликата што Владата се обидува да ја прикаже. Тренчевска посочи дека додека власта се фали со наводни економски успеси, граѓаните секојдневно се соочуваат со сè повисоки трошоци и сè потежок живот.

  • „Се изнаслушавме во изминатиот период изјави со имагинарни податоци, први во Европа, четврти во светот и така натаму, но реалноста на граѓаните е дека секој ден тонат во сиромаштија“, рече Тренчевска.

Тренчевска нагласи дека власта дека е целосно оддалечена од секојдневните проблеми на граѓаните и наместо конкретни мерки, се занимава со политички и партиски интереси.

  • „Завалени во удобните фотели и разговори со приватниот капитал, немате никакво чувство за граѓаните. Дали конечно ќе преземате мерки за да го заштитите животниот стандард на граѓаните и ќе покажете малку грижа за граѓаните?, рече Тренчевска.

Притоа, Тренчевска побара од министерот Дурмиши да предложи конкретни мерки до Владата за намалување на трошоците за граѓаните, меѓу кои и намалување на ДДВ-то за дериватите, како и финансиска поддршка за најранливите категории.

  • „Дали ќе покажете малку грижа и ќе предложите на Владата како министер да го намалите ДДВ-то за дериватите? Дали ќе предложите конкретни мерки за финансиска поддршка на ранливите категории на граѓани.Дали еднаш ќе покажете дека сте навистина министер во Владата којшто се грижи за граѓаните, а не да бидете само потрчко или послушник на оваа Влада?“, рече Тренчевска.

Најнови вести од: Бизнис

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

To top