Македонија

Македонија ги слави двата Илиндена

Денеска Македонија одбележува 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, двата клучни столба во македонската државност

Илинден или Денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ.

На овој дензапочнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ или „врориот Илинден“.

Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Десетте револуционерни заповеди на Илинден во „Македонско дело“ од 1928: Како еден се крена сиот македонски народ, за да извика: Не сме веќе покорна раја!

„Повик кон македонскиот народ“ на ВМРО (обединета) по повод 25 години од смртта на Гоце Делчев, објавен во весникот „Македонско дело“ на 4 мај 1928: „Потомците на Гоце не можат да бидат робови. Идеалот на Гоце – слободата на Македонија – треба да се оствари. Делото на Гоце треба да се продолжи. Идеализмот и самопожртвуваноста, хероизмот и преданоста на Гоце нека служат како жив пример и импулс во тешката борба!“

Скандалозна противмакедонска провокација токму на Илинден: Во востанието учествувале Албанци, Власи и Бугари, не и Македонци! Албанците беа клучните чинители, па и на Крушевската република?!

„Некои албански историчари дури тврдат дека без Албанците Илинденското востание не можело ни да се замисли!“ – дел од наводите во жестоката и провокативна статија со антимакедонски карактер, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

To top