Македонија

Љубчо Георгиевски смета дека скандалозниот испад на Костадинов е добра иницијатива

Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик. Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија – смета Љубчо

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски го поддржува скандалозниот предлог на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, македонскиот јазик да бде прогласен за дијалект на бугарскиот.

Георгиевски смета дека ваквата иницијатива би можела да претставува основа во следна фаза македонскиот јазик да биде прогласен и за официјален јазик во Бугарија.

„Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик. Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија. На тој начин ќе се исправи краткогледоста од пред 150 години, кога дијалектите од северноисточното ќоше на бугарскиот јазичен простор беа прогласени за официјални“, пишува Георгиевски.

 

Најнови вести од: Македонија

250 илјади евра за настани во еден ден – Како се организирала прославата за поканата за членство во НАТО во 2018 г.

Задолженијата и одлуките биле донесени четири дена пред настаните, дел од постапките биле почнати истиот ден кога се донесени заклучоците од Владата, а договорот за техничката опрема бил потпишан еден ден пред настаните

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен

Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори

Сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС и ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци

To top