– Фондацијата “Скопје – Европска престолнина на културата 2028” информира дека го прилонгира рокот за доставување на апликации на Јавниот повик за изразување интерес за независни национални и меѓународни експерти за евалуација на проектни предлози.
Рокот се пролонгира за 15 дена, а крајниот термин е 02 октомври 2026 година. Целта на овој повик е да се селектираат експерти со цел воспостаување на Регистар на независни експерти-евалуатори на “Скопје 2028”.
Повикот е отворен за независни професионалци и експерти од земјата и од странство, а ќе бидат ангажирани, согласно потребите на одделните јавни повици, за спроведување независна, објективна, стручна и непристрасна евалуација на проектните предлози поднесени во рамките на програмските линии и јавните повици за реализација на уметничката и културната програма на „Скопје 2028“.
Особено ќе се земат предвид експерти со искуство во програмите на Европската Унија, „Креативна Европа“, Европска престолнина на културата (ECoC), меѓународната културна соработка, грантови и шеми за финансиска поддршка и независна евалуација на проекти. Вклучувањето во овој регистар не претставува засновање работен однос со Фондацијата и не гарантира конкретен ангажман. Експертите ќе бидат ангажирани согласно потребите на програмата и одделните јавни повици, нивната стручност, расположливост и непостоењето судир на интереси. Секој конкретен ангажман ќе биде регулиран со посебен договор.
За дополнителни информации посетете го сајот на Фондацијата: https://skopje2028.mk/mk/call-for-expressions-of-interest-for-independent-national-and-international-experts-for-the-evaluation-of-project-proposals/