Македонија

Бугарска пресуда за Македонци во Бугарија тема на дебата пред Комитетот на министри на Советот на Европа

Дел од Македонците на кои се однесува пресудата на судот во Стразбур се веќе мртви

Европскиот суд за човекови права пред 20 години донесол пресуда дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да ја регистрира ОМО „Илинден“.

Оваа пресуда деновиве ќе биде тема на расправа пред Комитетот на министри на Советот на Европа.

Комитетот на министри на Советот на Европа од 15 до 17 септември ја одржува својата квартална седница за надзор над извршувањето на пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Предметите предложени за детално разгледување се однесуваат на Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Грција, Унгарија, Италија, Република Молдавија, Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Руската Федерација, Србија, Турција и Украина.

Одлуките донесени од Комитетот на министри за време на седницата оваа недела ќе бидат објавени на веб-страницата на Советот на Европа во петок, 18 септември.

Согласно член 46 од Европската конвенција за човекови права, пресудите на Европскиот суд за човекови права се обврзувачки за засегнатите држави.

Комитетот на министри врши надзор над извршувањето на пресудите врз основа на информации доставени од националните власти, жалителите, организациите на граѓанското општество, националните институции за човекови права (НИЧП) и други заинтересирани страни.

Во Стразбур на 19 јануари 2006 година Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) утврдил дека Бугарија го прекршила член 11 од Европската конвенција за човекови права – правото на слобода на здружување – со одбивањето на бугарските судови да ја регистрираат Обединетата македонска организација „Илинден“ (ОМО „Илинден“) во 1998-1999 година.

20 години подоцна Бугарија сеуште не ја спровела пресудата за Илинден.

Најнови вести од: Македонија

Ѓурчески за заканите кон премиерот: Ако не се реагираше брзо, можеше да продолжи и кон пратеници, судии, обвинители!

Добро е што се реагираше брзо, испратена е силна порка кон организираните криминални структури во Македонија, се спречи ова да стане нечие секојдневие, изјави безбедносиот експерт Љубомир Ѓурчески во „Колегиум“ на ТВ Алфа.  Ова лице е познат криминалец, а со тоа е несомнена и неговата поврзаност со овие структури, за коие не е непозната употребата на насилни мерки, па дури и ликвидации, цени човекот кој дел од кариерата ја поминал токму во регионот од каде доаѓа криминалецот кој на социјалните мрежи се закани со јавна егзекуција на премиерот Мицкоски и неумесни зборови кон неговото семејство, потанцира човекот со богата кариера во МВР.

За 15 дена пролонгиран рокот за пријавување на Јавниот повик за независни национални и меѓународни експерти

Рокот се пролонгира за 15 дена, а крајниот термин е 02 октомври 2026 година. Целта на овој повик е да се селектираат експерти со цел воспостаување на Регистар на независни експерти-евалуатори на “Скопје 2028”

To top