Спорт

Димитриевски несовладлив, прва победа на Валенсија сезонава (ВИДЕО)

Голманот на македонската репрезентација ја подели највисоката оценка 7,6 со соиграчот и МПВ, Пепелу, во победата од 1:0 кај Алавес

Столе Димитриевски ја сочува својата мрежа и беше еден од најзаслужните за првата победа на Валенсија во шпанската фудбалска Ла Лига од 1:0 на гостувањето кај Алавес во шестото коло.

Голманот на „лилјаците“ и на македонската репрезентација запиша три успешни интервенции, вклучувајќи ја и таа во судиското продолжение, за што ја подели највисоката оценка 7,6 со МВП на мечот и соиграч Пепелу.

Под водство на новиот привремен тренер Оскар Санчес, Валенсија ги однесе трите бода со голот на Луис Риоха во 78. минута и побегна од дното на табелата на 17. место со 4 бода.

 

Најнови вести од: Спорт

To top