Спорт

Фуриозен старт на Рустемовски на Европското првенство во бокс во Софија

Големата надеж на благородната вештина во Македонија славеше со 5:0 над Мелкумјан од Луксембург

Македонскиот боксер Ален Рустемовски на убедлив начин го почна својот настап на Европското првенство во Софија, декласирајќи го Беник Мелкумјан од Луксембург со 5:0 во категоријата до 60 килограми.

Европскиот вицешампион до 23 години од минатата година во Ереван и освојувач на бронзен медал на Медитеранските игри во Таранто неодамна во осминафиналето в понеделник ќе ги вкрсти ракавиците со Вилијам Хјуит од Англија, кој беше слободен на стартот.

В недела на рингот во „Асикс арената“ треба да се појави и Илчо Костовски, кој во осминафиналето во категоријата до 90 кг за противник ќе го има Андреј Заплитњи од Молдавија.

На првенството што се одржува од 17 до 25 септември учествуваат над 400 боксери во машка и во женска конкуренција.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top