Свет

Мерц со катастрофален резултат на денешните избори – АфД со нова победа

АфД продолжува со силни резултати

Конзервативците предводени од германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочуваат со најслабиот резултат досега на покраински избори, покажаа излезните анкети. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) забележа значителен раст.

Изборите во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин дополнително го зголемуваат притисокот врз Мерц. Неговата политичка иднина е предмет на шпекулации поради наглиот пад на рејтингот во последните месеци.

Според излезните анкети на „АРД“ и „ЗДФ“, ЦДУ на Мерц се бори да го мине прагот од 5 проценти потребен за влез во парламентот на Мекленбург-Западна Померанија.

Две недели по убедливата победа во Саксонија-Анхалт, АфД се очекува да биде прва и тука со околу 38 проценти од гласовите – повеќе од двојно зголемување во споредба со 2021 година. Владејачките Социјалдемократи (СПД) освоиле околу 36 проценти.

Во Берлин конзервативците веројатно ќе ја изгубат власта. Излезните анкети покажуваат дека Левицата води со околу 25 проценти, ЦДУ е на 20 проценти, а АфД освоила меѓу 13,5 и 16 проценти.

„Не можеме да ја разубавуваме сликата за резултатите во Мекленбург-Западна Померанија. Тоа е катастрофа. ЦДУ водеше жестока борба, но на крајот беше прегазена во сè поострата конфронтација помеѓу СПД и АфД“, рече Мерц.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top