Свет

АфД почна разговори со Москва за испорака на руски гас

Средба во Москва меѓу Фронмајер и Милер

Алтернатива за Германија (АфД) отвори разговори со Русија за можно обновување на испораките на гас.

Според Дојче веле, претставникот на партијата за надворешна политика Маркус Фронмајер бил во Москва и се сретнал со шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер. Потврдата дојде од Беатрикс фон Шторх, заменичка-претседателка на пратеничката група на АфД во Бундестагот.

„Заинтересирани сме за обновување на трговијата. Ни требаат достапни енергенси и што е можно поширок опсег на снабдување, па затоа сметаме дека е во наш интерес да добиваме испораки и од Русија; токму затоа ги водиме овие разговори“, изјави Шторх.

Ројтерс, пак, претходно објави дека раководството на АфД планира посета на Москва во март 2027 година. Во делегацијата би можеле да бидат копретседателите Алис Вајдел и Тино Крупала, но само ако дотогаш заврши војната во Украина.

Во разговорите евентуално би учествувале и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Се разгледува можност за обновување на снабдувањето преку гасоводот „Северен тек“, оштетен во септември 2022 година.

АфД не е дел од сојузната влада и нема надлежност да носи одлуки за енергетската политика, нагласува Ројтерс. Партијата, сепак, се надева дека со овие контакти ќе покаже дека има решенија за високите цени на енергенсите и ќе ја истакне, според неа, слабата политика на актуелната влада.

На неодамнешните покраински избори АфД постигна силни резултати – близу 44 проценти во Саксонија-Анхалт и 38,2 проценти во Мекленбург-Западна Померанија.

Во Берлин поддршката се искачи од 9 на над 16 проценти. Канцеларот Фридрих Мерц ги оцени резултатите како „катастрофа“, но одби да се повлече и најави економски реформи насочени кон „просперитет“.

Најнови вести од: Свет

Ќе добие ли Берлин не-германка од турско потекло за градоначалник

Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град на Германија

Гутереш: Африка треба да добие место во Советот за безбедност на ОН

Мораме да се реформира меѓународната финансиска архитектура создадена од богатите за богатите и да ја направиме поусогласена со потребите на земјите во развој, особено во Африка“ (линк во коментар)

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

To top