Фадиљ Пушколи,поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), и сопственик на косовската новинска агенција „КосоваПост“,синоќа бил приведен на граничниот премин „Блаце“.
Како што првично пренесоа дел од медиумите – тој бил задржан по налог и потерница издадена од Србија.
Тој во синоќешната објава ѝ се заблагодарува на македонската полиција и посебно на Албанците во нејзините редови.
„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на С. Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка. Ви благодарам за коректноста и професионалноста!“, напиша тој.
Официјално нема достапни информации кои би потврдиле дека Пушколи е баран од Србија, како што првично беше објавено. Македонските институции досега не соопштија ништо за вечерашното приведување на косовскиот сопственик на медиум.