Македонија

Стоп за мобилни, чипс и смоки во штипско училиште

Телефон можат да носат само мал број ученици на кои им е потребен за враќањето дома, а и тогаш уредот мора да биде без интернет, исклучен и предаден на класниот раководител веднаш по доаѓањето на час

 

Учениците не смеат да внесуваат чипс, смоки и обоени сокови, а трипати неделно училиштето им обезбедува свежо овошје, дознава МКД.МК.

Во соработка со пекари е направено и мени со јогурт, печива и други оброци. Од пијалаците се дозволени вода, млеко и домашни сокови.

„Целта е поздрава комуникација без електронски уреди, за да се намали зависноста од нив и да се поттикнат вистинското дружење и непосредната комуникација“, вели директорот Дејан Здравков.

Одлуката е поддржана од Наставничкиот совет, Училишниот одбор и Советот на родители. Според Здравков, по една недела новите правила веќе даваат резултати.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top