Македонија

Сопругата на премиерот во друштво со првата дама на САД

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, синоќа присуствуваше на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Приемот беше организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование, јави известувачот на МИА од Њујорк.

– Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порача првата дама на САД на приемот за сопругите на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Генералното собрание на ОН.

Најнови вести од: Македонија

Квалификациониот меч Македонија : Швајцарија ќе го гледаме на српски јазик ако се прашува Филипче

Ако се прифати ставот на Филипче кој сам си ја урива тезата за ,,српски свет” натпреварот од фудбалскиот меч Македонија – Швајцарија и сите други спортски мечеви ќе ги гледаме на српски јазик

To top