Свет

Трамп: На Меланија ѝ се допаѓа Путин, но…

Претседателот на САД додава дека неговата сопруга, сепак, е разочарана од продолжувањето на војната во Украина

На првата дама на САД, Меланија Трамп, ѝ се „допаѓа“ рускиот претседател Владимир Путин, но е разочарана од продолжувањето на воениот судир во Украина, објасни претседателот Доналд Трамп.

„Го познаваме Путин и на неа [Меланија] ѝ се допаѓа“, изјави Трамп во денешната епизода на „Pod Force One“, додавајќи дека тој „се сложувал многу добро со него“.

Сепак, шефот на американската држава забележа дека кратко по неговиот неодамнешен разговор со својот руски колега, Меланија коментирала дека е „штета што тукушто го бомбардираа Киев“.

Порано овој месец, „Тајмс“ објави напис во кој се сугерира дека улогата на Меланија Трамп во обликувањето на одлуките на нејзиниот сопруг можеби е потценета. Иако Трамп инсистираше дека неговата сопруга, едноставно, сака да види крај на крвопролевањето, медиумот го посочи нејзиното влијание како можен фактор зад неговата промена на ставот за војната во Украина.

Медиумот истакна дека 55-годишната Меланија, која е родена во Словенија, сега е цврст поддржувач на Киев, додавајќи дека нејзиниот длабок интерес за војната го одразува тоа потекло.

Американскиот конгресмен Дон Бејкон го повтори тој став во интервју овој месец, велејќи дека првата дама може да има заслуга за очигледниот пресврт на Трамп против Русија.

„Неговиот став за Украина очигледно еволуираше“, рече Бејкон, истакнувајќи дека не би бил изненаден ако Меланија одигра „тивка, но важна улога во тоа“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top