Македонија

Љупчо Николовски одел во Крива Паланка за да се шиша кај „другар му“

Пратеникот Љупчо Николовски не се појави во судница не дојде со факти против фактите дека има дуплекс стан во „Дајумонд мол“ здари ушевна болка

 

Николовски беше министер во Владата и вицепремиер на Зоран Заев имало кусок од 2.000 тони жито во стоковите резерви, а потоа е набавена скапа пченица за стоковите резерви, како и дека е даден грант од 1,4 милион на фирмата на Заеви под име „Тргопродукт“.

Денеска имавме еден граѓански судски процес, во кој поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, воедно и поранешен вицепремиер за борба против корупција во Владата на Зоран Заев и поранешен генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, упати барање за извинување до мене затоа што моите изјави му донеле душевна болка. Во барањето вели дека изјавите на една од моите прес-конференции биле неточни, поточно за кусокот на жито од Агенцијата за стокови резерви и за доделување на грант за фирмата „Тргопродукт“, попозната со брендот „Мамас“ на Заеви, од ИПАРД програмата вреден 1,4 милион евра – рече Манасиевски пред судот.

Наместо со факти да демантира, тој не дојде денеска на суд да каже дека моите тврдења душевно го повредиле и дека тој претрпел душевна болка, додаде Манасиевски.

„Дали се точни информациите кои стигнаа до нас од свиркачи, дека додека бил на висока владина функција ги злоупотребувал случајот службените возила на СОЗР да патува од Скопје до Крива Паланка и назад неколку пати во месецот само за да се шиша кај својот пријател Мартин Поцевски“,  праша Манасиевски.

Поцевски, додаде, потоа станал оветник во Советот на општина Крива Паланка од 2021 година до 2025 година

 

Најнови вести од: Македонија

Арамијата Заев и 40-те разбојници – епската делегација на СДС во Њујорк

Таму и кучињата по дома ги земале на шетање во САД. Но, за разлика од тогаш денес нема непотребни членови на делегацијата и нема луксузирање и дополнително, ефектите и придобивките за државата се далеку поголеми

Квалификациониот меч Македонија : Швајцарија ќе го гледаме на српски јазик ако се прашува Филипче

Ако се прифати ставот на Филипче кој сам си ја урива тезата за ,,српски свет” натпреварот од фудбалскиот меч Македонија – Швајцарија и сите други спортски мечеви ќе ги гледаме на српски јазик

To top