Македонија

ВРЕДИ не сака предвремени избори, но ќе биде подготвена ако се случат

Уверен дека и да има предвремени избори, пак „Вреди“ ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата

Градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на партијата Вреди, Биљал Касами, денеска рече дека Вреди не сака да има предвремени избори, но дека се подготвени за нив ако се случат.

– За предвремени избори ние како „Вреди“ сме подготвени утре да се објават, но како дел од владината коалиција и како дел од локалната власт, сме во реализација на програмата, тоа што сме го нуделе на граѓаните, така што ние не бараме предвремени избори – истакна Касами.

Тој изрази уверување дека „Вреди“ би извојувала победа на избори.

– Уверени сме дека и да има предвремени избори, пак „Вреди“ ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата и ќе ги води општините и понатаму. Така што наш приоритет е реализација на тоа што е понудено, а ако има предвремени избори сме подготвени и сме убедени дека ќе бидеме апсолутни победници – посочи Касами на брифинг во Општина Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Треба за нас да важат истите принципи за европскиот пат како и за сите други

Добро е кога во еден процес, кога даваш максимум од себеси и притоа чесно и посветено работиш на подобрување на условите во својата држава, тоа да биде признаено – потенцираше министерот за внатрешни работи

Арамијата Заев и 40-те разбојници – епската делегација на СДС во Њујорк

Таму и кучињата по дома ги земале на шетање во САД. Но, за разлика од тогаш денес нема непотребни членови на делегацијата и нема луксузирање и дополнително, ефектите и придобивките за државата се далеку поголеми

To top