Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Под влијание на циклонска активност, во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар.
Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.