Свет

Хулигани со палки тепале матуранти во Сараево (ВИДЕО)

Синоќа, непосредно пред 20 часот, група хулигани нападнаа матуранти кои славеа во хотел. Во тепачката беа повредени двајца , кои завршија на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, јавуваат босански медиуми. Информацијата ја објави порталот Црна-хроника, а еден од актерите на немилиот настан изјави за овој портал: „Групата дојде да го види пријателот на матурата, […]

Синоќа, непосредно пред 20 часот, група хулигани нападнаа матуранти кои славеа во хотел.

Во тепачката беа повредени двајца , кои завршија на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, јавуваат босански медиуми.

Информацијата ја објави порталот Црна-хроника, а еден од актерите на немилиот настан изјави за овој портал:

„Групата дојде да го види пријателот на матурата, а наскоро пристигнаа хулигани со стапови и факели. Ги удрија матурантите по глава, настана паника. Реално, никому не му треба ова на матурска забава“, рече тој.

Сведоците велат дека во физичката пресметка биле употребени дрвени палки и факели. Младите момчиња кои биле нападнати изјавиле дека не ги познаваат луѓето кои ги тепале.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top