Полуфиналните натпревари на XXII Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ донесоа многу возбуда, борбеност и квалитетен фудбал, а по двете интересни пресметки познати се екипите што ќе играат за трофејот.
Во првото полуфинале, Руди Компани обезбеди пласман во големото финале откако славеше со 3:1 против Кеги Моби СК 77777. Во вториот полуфинален дуел, по голема борба и неизвесен меч, Мега Лифтови и Јувентус БС Скеле одиграа 1:1 во регуларниот дел, по што Мега Лифтови беше поуспешна по пенал рулетот и победи со 4:3.
Со тоа, финалната пресметка ќе им припадне на Руди Компани и Мега Лифтови, две екипи кои со своите изданија покажаа дека сосема заслужено ќе се борат за победничкиот пехар.
Пред големото финале, љубителите на турнирот ќе имаат можност да проследат уште еден интересен натпревар. Во мечот за третото место, кој ќе се игра во четврток од 20:30 часот, ќе се соочат Јувентус БС Скеле и Кеги Моби СК 77777.
Круната на турнирот ќе биде ставена во недела, на 27-ми, со почеток од 20:00 часот, кога на програмата е големото финале меѓу Руди Компани и Мега Лифтови.
Организаторите и публиката со право очекуваат уште две возбудливи фудбалски вечери, достојни за традицијата и значењето што овој меморијален турнир го има низ годините.
За сите кои нема да можат да присуствуваат на игралиштето, натпреварот за трето место ќе можат да го следат и преку LIVE STREAM на Facebook и Youtube