Адвокатот Умејр Мухамеди со коментар на Фејсбук за починувањето на 13-годишното дете од Чаир прободено со нож пред неколку седмици.
„Веста за смрта на 13-годишникот кој беше прободен со нож во Чаир нè погоди сите и нè остави без зборови. Пронајдени биле ножеви, пендреци итн. кај деца кои биле малолетници и учествувале во тепачката.
Родителите треба да бидат поблиску до своите деца, да разговараат со нив, да ги слушаат и да ги учат дека насилството никогаш не е решение, да ги проверат дали носат книги кога излегуваат од дома или ножеви и пендреци, да им ги проверуваат телефоните итн.
Полицијата и институциите треба да преземаат конкретни чекори за децата да бидат безбедни. Наставниците треба да ги пријават сите деца кои се насилни и кои носат опасни предмети со себе, а не да гледат само како да ги поминат часовите.
А ние како општество мора да застанеме и искрено да се запрашаме каде грешиме и што можеме да промениме. Не смееме на ваквите трагедии да гледаме само како на уште една вест.
Сочувство до семејството. Нека почива во мир“, напиша Мухамеди.