Македонија

Калиопи го бара лицето што на нејзин концерт држел перниче со загатлива порака

Легендарната ,,Опи” јавно го побара човекот кој и оставил впечаток на последното дружење со неа

Македонската поп дива Калиопи Букле го бара човекот кој на најзиниот последен концерт направил нешто што нејзе ја допрело.

,,Го замолуваме лицето што беше во партерот на минатиот концерт во арената „Борис Трајковски“ – држејќи го транспарентот со натпис „Дај ми го перничето, бе“ да ни се јави во инбокс на Kaliopi – Management”, објави Калиопи која сподели дека за лицето се предвидени 4 билети за овогодинешниов концерт.

Таа истовремено објави дека, како што ветила – оваа песна ќе грми на 17-ти Октомври во арена “Борис Трајковски”

,,Одимееееееее! 😁
И секако, продолжете да сонувате со мене, оваа година ќе биде посебна”, напиша Калиопи.

„Дај ми го перничето, бе!“ е наслов на култна песна од Калиопи објавена во 1999 година на нејзиниот познат албум „Обои ме“.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција

Етничката припадност веќе нема да биде предност за добивање работно место

Додека сум јас министер, етничката припадност нема да има приоритет пред стручноста. Или сите ќе сфатиме дека ни треба квалитетна администрација, или нема да нè биде“ порача министрот за јавна администрација

To top