Македонија

Петровска: Две години укажувавме на проблемите во СДСМ, но бевме игнорирани

„Долг период укажував на проблемите во партијата и имав неколку разговори со партискиот лидер; тие разговори завршуваа или со молк или со договор, по што следуваше неспроведување на решенијата. Токму затоа, по две години, одлучивме да излеземе во јавноста“, вели пратеничката и поранешна министерка за одбрана

 

Актуелната пратеничка од редовите на СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, ги објасни причините поради кои незадоволството од состојбите во партијата почна јавно да се изнесуваат.

За време на вчерашниот брифинг што го одржаа организаторите на платформата „Разговор за иднината во 12:05“, Петровска рече дека во СДСМ се воделе дискусии – вклучително и со партискиот лидер Венко Филипче – во период од околу две години пред јавното промовирање на платформата.

Ќе го уриваат ВМРО-ДПМНЕ од власт, ама прво да го решат Филипче

Таа тврди дека овие дискусии не резултирале со конкретни промени и дека дел од неопходните системски реформи никогаш не биле спроведени.

„Долг период укажував на проблемите во партијата и имав неколку разговори со партискиот лидер; тие разговори завршуваа или со молк или со договор, по што следуваше неспроведување на решенијата. Токму затоа, по две години, одлучивме да излеземе во јавноста“, рече Петровска.

За време на брифингот, таа исто така изјави дека добила понуди од актуелното раководство на СДСМ да се приклучи кон нивните редови, но ги одбила условите поврзани со тие понуди.

„Добив непристојни понуди од раководството да се приклучам кон нивните редови во замена за туркање на договори склучени зад затворени врати. Не се согласив“, изјави Петровска.

Петровска оцени дека луѓето вклучени во платформата не се проблемот за СДСМ, туку, напротив, би можеле да бидат дел од решението за состојбите во партијата.

Најнови вести од: Македонија

Етничката припадност веќе нема да биде предност за добивање работно место

Додека сум јас министер, етничката припадност нема да има приоритет пред стручноста. Или сите ќе сфатиме дека ни треба квалитетна администрација, или нема да нè биде“ порача министрот за јавна администрација

To top