Бизнис

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Новиот предлог-закон за уредување на пазарите со земјоделски производи предвидува појасна распределба на одговорностите меѓу производителите, откупувачите и преработувачите, како и поголема сигурност за земјоделците при пласманот на нивните производи – истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на јавната расправа во Министерството за земјоделство.

  • Земјоделството повеќе нема простор за изнудени и ад хок решенија. Градиме систем што навреме ќе ги препознава ризиците, ќе воспостави ред на пазарите и ќе ја намали неизвесноста со која се соочуваат производителите. Земјоделецот повеќе не смее целиот производствен ризик да го носи сам, а условите за продажба да ги дознава кога производот е веќе набран и неговиот избор е сведен на минимум – рече Серафимовски.

Предлог-законот во една целина ги обединува организираниот откуп и договорните односи, пазарните информации, интервентните мерки при сериозни нарушувања на пазарот, организирањето на производителите, училишните шеми, промоцијата на домашните производи и пазарните стандарди.

Според министерот, решението не предвидува административно утврдување на откупните цени, туку воспоставување прецизни правила, поголема транспарентност и механизми за навремено институционално дејствување. Писмените договори ќе се склучуваат пред испораката на производите и однапред ќе ги дефинираат количината, квалитетот, цената или начинот на нејзино утврдување, рокот за плаќање и поврзаните трошоци.

Предлог-законот предвидува и инструменти за јавна интервенција и поддршка за приватно складирање во случаи на сериозни нарушувања или ризици на пазарот, како и усогласување со правилата на Европската Унија за заедничка организација на земјоделските пазари.

Според Серафимовски, електронската евиденција и јавно достапните податоци за регистрираните откупувачи ќе придонесат за поголема следливост и контрола во организираниот откуп. Дополнително, земјоделскиот пазарен информативен систем и националната опсерваторија ќе обезбедуваат податоци за производството, понудата и побарувачката, резервите, цените, увозот и извозот, со што институциите ќе може порано да ги препознаваат ризиците на пазарот.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top