Свет

Трамп го одби мировниот предлог на Техеран

Се сомнева дека Иран би го почитувал седумдневното примирје

 

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневно примирје – чија цел беше отворање на Ормускиот теснец и продолжување на преговорите за нуклеарната програма – условено со укинување на блокадата на пристаништата од страна на Вашингтон, објави „Волстрит џурнал“.

Американски претставници изјавија дека Трамп не ги прифатил условите бидејќи се сомнева дека Техеран би ги почитувал, а блокадата ѝ нанела сериозна штета на економијата на режимот на ајатоласите.

Исто така, се очекува тој да ги продолжи воените воздушни напади по ноемвриските избори на средината од мандатот.

Конечните одлуки ќе зависат од политичките случувања и од расположливите воени ресурси.

Претходно, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја ѝм предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од една недела.

Арагчи им изјави на новинарите во седиштето на ОН во Њујорк дека тоа би можело да се постигне доколку се исполнат неопходните услови, додавајќи дека тие услови се содржани во Меморандумот за разбирање потпишан во јуни.

„Изборот сега е на Соединетите Држави“, рече тој, додавајќи дека планот бил доставен до САД преку Катар.

Најнови вести од: Свет

To top