Македонија

Кој во СДСМ е куче и кој кого рани на Бихаќка?

Безобѕирен напад од високиот функционер на СДСМ кој своите сопартијци

Пост на Фејсбук од висок функционер на СДСМ предизвика лавина од реакции по кои се создаде дополнително конфликтна атмосфера во редовите на социјалдемократите.

Објавата на д-р Александар Трајановски потпретседателот на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук предизвика гнев кај поддржувачите на платформата ,,12:05″ затоа што се смета за говор на омраза и порака од Филипче за луѓето кои бараат промени и реформи во партијата.

Дали навистина за Трајановски Славјанка Петрова, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Анреј Петров, Игор Шема се кучиња, не се наведува прецизно во постот. но од контекстот може да се претпостави дека пораката се однесува на нив.

Трајановски ја користи народната изрека ,,Рани куче да те лае”.

Трајановски пред да биде најблизок соработник на лидерот на партијата изгуби катастрофално во Аеродром, беше еден од директорите во Ургентен центар по што беше награден како потпретседател на Венко Филипче.

Зошто Трајановски кој важи за умерен член на раководството на СДСМ користи вакви безобѕирни напади кон своите сопартијци може само да се претпостави но изјавата доаѓа откако партиската фракција 12:05 објави дека тие имаат поголема поддршка меѓу членството од актуелното раководство.

Доколку дојде до смена Трајановски според партиски извори речиси сигурно ќе ја загуби својата функција.

Најнови вести од: Македонија

210 „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Под мотото „Збор на денот: заедница“, на 26 септември во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко сите му се виновни, но не и тој самиот

Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена

To top