Ана Брнабиќ, вршител на должноста претседател на Србија, денес доби букет цвеќе од , сега веќе, поранешниот претседател на Србија кој, вчера вечерта поднесе оставка на функцијата пред истекот на неговиот втор мандат.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Вучиќ за сите негови заложби во име на Србија; верувам дека никогаш претходно сме немале претседател како него, ниту пак Србија некогаш ќе има претседател кој толку силно се борел за земјата и кој сè друго ставил настрана заради Србија“, изјави Ана Брнабиќ.
„Чест е што ја презедов оваа должност од таков човек, а сега на мене е да ја чувам оваа позиција сè додека народот не го избере следниот претседател на Србија“, рече Ана Брнабиќ.
Александар Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата претседател на Србија до 27 септември, поднесе оставка; според Уставот и законот, највисоката државна функција ја презема претседателот на Собранието – во овој случај, Ана Брнабиќ.