Хроника

Загина возач, откако излетал со товарно возило од патот Струмица–Радовиш

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случила на магистралниот пат Струмица–Радовиш.

Несреќата била пријавена околу 12:40 часот, на делницата меѓу Василево и Владевци. Според првичните информации, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки излетало надвор од коловозот, при што возачот починал.

Смртниот исход го потврди СВР Струмица.

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Струмица–Радовиш е во прекин. Полициски екипи се на местото и вршат увид за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Најнови вести од: Хроника

Најнови вести

To top