Македонија

ЕП, ЕУ, ОН и Грција молчат на прашањето на претседателката за 100 години од АБЕЦЕДАР-от на македонски јазик (ВИДЕО)

Неразбирливо е пратеници среде Европскиот парламент да ве квалификуваат како млад народ

Засега нема реакција од страна на ЕУ, Европарламентот, ОН и Грција кои молчат на прашањето на претседателката за 100 години од АБЕЦЕДАР-от на македонски јазик.

Во својот говор на Мечкин Камен претседателката Гордана Сиљановска Давкова го покажа АБЕЦЕДАР-от кој пред точно 100 години во 1925 година го отпечатила Грција а бил наменет за македонските деца во оваа земја.

 

АБЕЦЕДАР-от бил печатен под притисок на Лигата на народите, претходник на Обединетите Нации откако со специјална комисија било утврдено дека во Грција живее големо македонско население кое говори на македонски јазик различен од грчкиот.

Претседателката на Мечкин Камен праша зошто сега никој не го одбележува овој јубилеј кој докажува дека во Грција живееле и се уште живеат Македонци и дека македонската нација не е нова и модерна туку има историска позадина најмалку како и сите други народи во Европа.

 

,,Чудно е, во името на слободата на мислата и нејзиното изразување, да слушате европски пратенички оспорувања на македонскиот идентитет, 100 години по печатењето на АБЕЦЕДАР-от за децата Македонци во Атина во 1925, под притисок на Лигата на народите! Прочитајте го АБЕЦЕДАР-от. Зошто не се слави 100 годишнината од донесувањето на АБЕЦЕДАР-от? Прашувам. Драги сограѓани, неразбирливо е пратеници среде Европскиот парламент, кој за мене е, така ги учам и студентите, школа на европската демократија, да ве квалификуваат како млад народ и млада држава, со модерен јазик и модерен идентитет. Не е 100 години, претходно, многу модерно”, рече Сиљановска Давкова на Мечкин Камен.

 

Делот од говорот за АБЕЦЕДАР-от на овој линк

 

https://x.com/MKDProLet/status/1952017433163653212?t=02JC-NV34Yld2J60Sc8Qnw&s=19

 

Целиот говор на Сиљановска за кој многумина веруваат дека е еден од најважните во македонската историја на овој линк

 

https://www.facebook.com/share/v/16td4qf2ym/

 

Проценете сами дали претседателката го одржа најважниот говор во историјата на независна Македонија

„И туѓо царство не ќе постои во наш’та мила татковина…” – Го доби ли Македонија најдобриот политички говор од независноста

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски го осуди ксенофобичното скандирање на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

„Апсолутно го осудувам ксенофобичното и националистичко скандирање на неколкумина кои што не наидоа на поддршка од страна на ниту еден од присутните во салата“, порача премиерот

Сократ Маркилов (12.4.1921-4.8.1993), македонскиот деец во Пиринска Македонија, кој одлежа 17 години во бугарските затвори, поради својата македонска определба и дејност

Покрај Сократ Маркилов, поради неговите замакедонски активности страдало и неговото семејство. Тоа било интернирано од комунистичките бугарски власти во градот Ловеч.

Обид за убиство во Струга – се бара притвор за две лица

ОЈО Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела убиство како и за насилство, додека вториот е осомничен му помогнал да го изврши делото

To top