Британец, кој со мотор патувал низ Македонија, на социјалните мрежи објави детали од „блиската средба“ со македонски полицаец и во објавата не го крие изненадувањето од љубезниот однос на полицискиот службеник кој по проверката на документите искрено го советува и му посакува среќен патот кон Лондон, од каде што моторџијата се спретставува дека е:
„Македонија. Ноќ. Тогаш ме запре полицијата…
На миг, не знаев што да очекувам.
Ми ги проверија документите, ми поставија неколку прашања… а потоа ме изненадија.
Наместо да создадат стресна ситуација, искрено ми порачаа да се чувам и ми посакаа среќен пат.
И јас им посакав среќа… и продолжив да возам низ ноќта. 🌙🚴
Понекогаш најдобрите спомени доаѓаат од моменти кои најмалку ги очекувате.
Дали некогаш ве запрела полиција, а ситуацијата завршила со љубезност наместо со проблеми?“ прашува патникот на две тркала, во објавеното видео на Фејсбук додка во позадина оди познатата нумера на „Бјело дугме“ од 1983-тата „Милиција тренира строгоќу…“
https://www.facebook.com/reel/895243366856130
