Македонија

Сиљановска-Давкова за ЕУ на австриската национална телевизија: Постојат други актери кои ги научиле историските лекции

Тема која ЕУ ја избегнува а за која новинарите ја прашаа македонската претседателка на Европскиот Самит во Салцбург

Во прилогот насловен како „Balkanländer drängen auf EU-Beitritt“ (Балканските земји притискаат за влез во ЕУ), емитуван во вестите „Salzburg heute“ на австрискиот јавен сервис ORF на 28 септември 2026 година, клучниот фокус е ставен на Самитот на Европа во Салцбург.

Претседателката Силјановска-Давкова упати сериозно предупредување до европските лидери во врска со бавниот процес на евроинтеграција и геополитичките ризици од таквото одложување.

„Ако некој не е свесен колку е важен Западен Балкан за европското единство и колку сè уште е, тогаш постојат други актери кои ги научиле своите лекции од историјата и сакаат да стапнат на ова игралиште.“

Со оваа изјава таа директно алудираше на растечкото влијание на глобалните сили како Русија и Кина во регионот, доколку Европската Унија остави геополитички вакуум.
Во прилогот се нагласува дека во земјите од Западен Балкан расте нетрпението поради предолгите процедури за членство, што според нив, ја слабее и самата Европа.

Позицијата на Македонија: На Самитот, организиран од Институтот на регионите на Европа (IRE), беше истакнато дека Македонија неодамна одбележа 35 години од својата независност и дека е кандидат за ЕУ повеќе од 20 години, но преговорите се одвиваат исклучително бавно.

Покрај македонската претседателка, во прилогот се споменува и црногорската министерка за ЕУ, Маида Горчевиќ, која изјави дека Црна Гора е „речиси подготвена“ и праша што ќе испорача ЕУ, како и унгарската државна секретарка Клара Бреуер, која побара ЕУ да остане „кредибилна и ангажирана“ кон регионот.

Линк до прилогот на Австриската национална ТВ ОРФ

https://on.orf.at/video/14341253/16161606/balkanlaender-draengen-auf-eu-beitritt

Најнови вести од: Македонија

To top