Македонија

НЛБ Банка укинува и намалува надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет

НЛБ Банка укинува и намалува дел од надоместоците во домашниот и меѓународниот платен промет

Согласно препораките и сигналите од Народната банка, а со цел поддршка на граѓаните, компаниите и дигиталната трансформација на платниот промет, НЛБ Банка укинува и намалува дел од надоместоците во домашниот и меѓународниот платен промет, со посебен фокус на електронските плаќања. Новата структура на надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет, пред сè, значи осетно пониски трошоци и заштеди за граѓаните и компаниите. Истовремено претставува уште еден придонес на Банката кон одржливост на економскиот раст, обезбедување на едноставен и прифатлив пристап до платежните услуги и чекор повеќе во справувањето со сивата економија.

Веќе од задутре, значајни ценовни олеснувања во домашниот платен промет

Во домашниот платен промет за плаќања по електронски пат за физички лица преку МИПС, НЛБ Банка го намалува надоместокот на износ од 55 денари, а целосно го укинува надоместокот за плаќањата во рамките на Банката. Без надоместок, како и досега, останува месечно одржување на платежна сметка со основни функции, како и пакетот за млади од 18 до 25 години за мобилно банкарство кој вклучува: НЛБ мКлик со право на плаќање и дебитна картичка. Во домашниот платен промет за плаќања по електронски пат за правни лица преку МИПС, НЛБ Банка го намалува надоместокот на износ од 90 денари, додека за плаќањата во рамките на Банката го сведува на 7 денари. Новите надоместоци во домашниот платен промет стапуваат на важност, веќе од задутре, 6 август.

Побрз, поефикасен и поекономичен меѓународен платен промет

НЛБ е и првата банка која веќе постави нова структура со намалени надоместоци за меѓународни плаќања преку СЕПА. Новите надоместоци за плаќања и приливи во евра во СЕПА, кои стапуваат на важност од 6 октомври годинава, се повеќекратно намалени и за граѓаните и за компаниите. И тука, посебен фокус е ставен на надоместоците кај електронските плаќања, сè со цел да се стимулира дигиталната трансформација. Поконкретно, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро во денарска противвредност за најниските рангови на износи, односно 5 евра во денарска противвредност за најголемиот број на кредитни трансфери. За приливите продолжува со цена од 0,16 евра во денарска противвредност за најниските рангови на износи, односно 3 евра во денарска противвредност за најголемиот број на приливни транасакции. Примателите на странски плати и пензии директно преку НЛБ Банка, продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без надоместок. Истовремено за компаниите, Банката ќе понуди и до седум пати намалени просечни тарифни провизии за плаќањата во СЕПА. Повластените провизии за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамките на НЛБ Групацијата остануваат непроменети. Ценовното стимулирање на електронските плаќања наспроти плаќањата на шалтер е во насока на промовирање на користење на брзи и безбедни дигитални услуги, како и во насока на стратегијата на Банката на среден рок да овозможи, максимален број на своите производи и услуги да биде на располагање преку дигиталните канали. Сепак, Банката воведе пониски надоместоци и за шалтерските налози, почитувајќи ги различните навики и потреби на клиентите. Целокупната структура на новите провизии во домашниот и меѓународниот платен промет претставува повеќекратно намалување на досегашните надоместоци, со што Банката прави значаен чекор кон овозможување на достапни, разумни и одржливи трансакции за граѓаните и компаниите.

Најнови вести од: Македонија

Завршува сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“

Од 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

To top