Македонија

Еди Рама проколнат од оџа од Македонија

Имам од Скопје ги поддржува протестите против Еди Рама преку религиозни пораки и клетви

Имамот Зекирија Бајрами од Скопје, познат по своите религиозни објави, се вклучи во поддршка на протестите против албанскиот премиер Еди Рама преку пораки со верска содржина и клетви објавени на Фејсбук.

Во текот на октомври Бајрами објавил неколку пораки во кои бара Божја помош за студентите и патриотите, како и заштита од „замките на криминалците“.

Во една од нив Бајрами напишал: „Нашиот Бог, помогни им на студентите и патриотите. Заштити ги од замките на криминалците. Уништи ги угнетувачите меѓу себе.“

Во друга објава имамот оди понатаму и користи клетви:

„Нека ги проколне Бог предавниците. Нека ги заштити Бог Албанците. Нека ја благослови Бог Албанија.“

Иако Бајрами не го спомнува експлицитно Еди Рама, пораките се објавени во контекст на протестите што започнаа на 13 октомври и бараат смена на албанскиот премиер анализира Национале. Протестите беа проследени со насилни судири, оштетувања на институции, повредени и апсења.

Вклучувањето на религиозниот предавач во овој политички судир, особено преку клетви, ги поставува прашањата за границата меѓу верскиот авторитет и политичкиот активизам.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

To top