Екс министерот за финансии во првата вчада на Зоран Заев, Драган Тевдовски апелира ФФМ да даде бесплатни билети за вечерашниот меч на Македонија против Шкотска на арената Тоше Проевски.
На преходниот меч во Лигата на нациите стадионот против Швајцарија беше полупразен.
,,ФФМ отворете ги вратите и дозволете бесплатен влез вечер. Не може да има карти од 1800 денари, а во 6 натпревари 5 шута на гол. Врие Шкотланѓани во Скопје! Не смее македонската репрезентација да игра на Градски во атмосфера како на гости. Тоа не го заслужуваат нашите херои Елмас, Барди и другите дечки кои ја победија Италија, Германија,… и не однесоа на првото Европско првенство. И замолете, повикајте ги луѓето да дојдат вечер на стадион. И организирајте навивачки групи да бидат таму, не смее Швајцарци, Шкотланѓани и други да бидат поорганизирани од нас кога дома игра македонската репрезентација”, бара Тевдовски.