Македонија

По полноќ, за три денари поевтин дизел

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 97,00 денари за литар, а цената на бензините паѓа за 1,5 денари

Според новата одлука на Регулаторна, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство бележат најголем пад и поевтинуваат за три денари по литар, додека бензините од ноќеска ќе се точат по цена пониска за 1,50 денари.

Со најновата одлука, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) паѓа за 3,00 денари по литар во однос на цените утврдени на 28 септември. Со тоа, литар дизел на бензинските пумпи ќе се продава по цена од 97,00 денари.

За три денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова вредност ќе изнесува 108,50 денари за литар.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари по литар. Литар 95-октанец во следниот период ќе чини 98,50 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 100,50 денари за литар.

Корекцијата на малопродажните цени се темели на пресметките од падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и на законските даночни олеснувања.

Во пресметката е применет намален износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај бензините и кај дизелот, согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи.

Во одлуката дополнително е пресметана и повластената стапка на ДДВ за ЕУРОДИЗЕЛ од 10 отсто, утврдена со владината одлука објавена во Службен весник бр. 228/26, што овозможи поголемо намалување на крајната цена за возачите на дизел возила.

Најнови вести од: Македонија

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top