Хроника

Утринава четворица битолчани се степале во казино во Битола – нападнале и вработен во обезбедувањето

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Н.(40) , Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.

Според пријавата, тие го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а во еден момент и физички нападнале вработен од обезбедување во објектот, соопшти полицијата.

 

Најнови вести од: Хроника

Пиштол и седум куршуми откриени кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Пиштол со седум куршуми бил пронајден кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, при полициска контрола на булеварот „Гоце Делчев“. Едно лице е лишено од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител, велат од Министерството за внатрешни работи, објави „Скопје 1.мк“

Најнови вести

To top