Македонија

Не се оди надвор без да се постигне консензус дома, вели македонската претседателка

Проблемот со Бугарија е и билатерален, и со Европската унија, вели шефицата на државата за упатувањето од Софија кон Брисел

За сите прашања од врвен државен и национален интерес мора да се изгради прво консензус дома, за потоа да се настапува надвор од границите на државата, нагласи претседателката Гордана Силјановска-Давкова во „Тема на денот“ на ТВ Сител посветено на најновиот развој на односите со Бугарија по посетата на Скопје од шефицата на Европската комисија, урсула фон дер Лајен.

„Точно е дека во секоја демократска држава има разлики, помали ли поголеми, помеѓу власта и опозицијата. Но за жал, во некои држави дури и кога не се на страната на вистината, тие во еден глас говорат кон надвор. Да, почнавме, ако се сеќавате, преку средби да создаваме една атмосфера. Јас не знам колку пати сум рекла дека не се оди надвор без да се постигне консензус дома и без да има договор, говорам за прашања од национален интерес“, изјави Силјановска-Давкова.

Според шефицата на македонската држава, проблемот со источниот сосед истовремено е и билатерален, и проблем со Европската унија.

„Госпоѓата Јотова вели дека не е билатерален, туку дека имаме проблем со Европската Унија. А пак, госпоѓата Фон дер Лајен вели дека мора да разговарате и низ дијалог, се разбира, да размените различни ставови. Е сега не можете да го квалификувате проблемот или процесот и како билатерален исклучиво, или како проблем што го имаме со ЕУ. Точно е дека записникот е дел од заклучоците. Но, неточно е дека записникот е дел од преговарачката рамка“, објасни Силјановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

(Видео): Ребалансот е поради лошото менаџирање на економијата, вели Филипче

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на истото ниво.

To top