Свет

Чума во Русија, Трамп нуди помош

Во својот единствен коментар за ова прашање, Кремљ изјави дека јавноста треба да се потпира исклучиво на информациите што доаѓаат од официјалните здравствени власти

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помош на рускиот колега за справување со сомнителна појава на смртоносна чума што се пренесува преку воздухот во Сибир.

Повеќе од 200 лица се под медицински надзор, а четири болници во Иркутск се затворени поради тринеделен карантин по смртта на Дарија Шипилова.

Руски научник умрел од непозната болест во истражувачка лабораторија

Кон крајот на минатата недела беше објавено дека 28-годишната лаборантка се разболела откако случајно скршила епрувета што содржела бактерии на чума во еден сибирски истражувачки институт.

Таа поминала неколку дена во болница пред да почине од „пневмонија со непознато потекло“, според руските власти.

Во меѓувреме, околу 60 нејзини колеги остануваат во изолација во институтот поради сомневањата дека Шипилова можеби се заразила и починала од пневмонична чума.

Сепак, официјалните лица во Москва се обидуваат да го минимизираат ризикот од масовна епидемија.

Во изјавата дадена во понеделникот, Трамп наведе дека САД ќе ѝ „помогнат“ на Русија да се справи со епидемијата, велејќи: „Многу сериозно ја разгледуваме работата. Штотуку дознавме за тоа. Тие тоа го нарекуваат пневмонија. А пневмонијата… знаете, пред години беше полесно да се лекува. Микробите и бактериите станаа непропорционално поотпорни, но ние ќе им помогнеме“.

Но, Руското регулаторно тело за здравство тврди дека опсежните испитувања не откриле микроорганизми поврзани со работата на Шипилова и негира дека во институтот се случил каков било инцидент.

Властите ги откажаа јавните настани во Иркутск, а органите за спроведување на законот наводно покренаа кривична истрага за прекршување на прописите за здравствена безбедност.

И покрај медиумското внимание, регионалниот гувернер Игор Кобзев ја опиша ситуацијата како „стабилна“.

Во меѓувреме, Марко Рубио во понеделникот изјави дека Вашингтон „внимателно ја следи ситуацијата“. Тој нагласи дека иако таквата сомнителна епидемија би можела „брзо да се прошири“, нема непосредна причина за загриженост, првенствено затоа што не постојат директни комерцијални летови меѓу САД и Русија.

За секој случај, соседните земји, вклучително и Казахстан, Киргистан и Монголија, ги заострија здравствените контроли на своите граници поради сомневањата за појава на епидемија.

Во својот единствен коментар за ова прашање, Кремљ изјави дека јавноста треба да се потпира исклучиво на информациите што доаѓаат од официјалните здравствени власти. „Треба да се потпирате на официјалните соопштенија од ’Роспотребнадзор‘, наместо да слушате разни гласини и шпекулации“, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

To top