Регион

Грчки европратеник повторно со провокации против Македонија (ВИДЕО)

Фрагос ја нарекува „непостоечка државичка“

Грчкиот европратеник Емануил Фрагос Фрагулис, претставник на националистичката партија Грчко решение, повторно го отвори македонското прашање со провокативна објава на Фејсбук. Во неа Македонија е наречена „непостоечка државичка“, населена претежно со Бугари и Албанци.

„Порака до Урсула фон дер Лаен: Скопје е непостоечка државичка, главно со бугарско-албанско население, на грчки територии“, се наведува во објавата на неговиот профил, придружена со видео што содржи историски карти и политички пораки.

Во видеото се појавува карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, заедно со натписот „Бугарско-албанска“, со што директно се оспоруваат македонскиот национален идентитет и државноста.

Фрагос е европратеник од 2019 година и член на групата Европски конзервативци и реформисти во Европскиот парламент. Неговата партија, предводена од Киријакос Велопулос, е позната по силно националистички позиции и по отворено противење на Преспанскиот договор.

Особено е индикативно што ваквите пораки се упатуваат директно до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, а доаѓаат од политичар кој има мандат да ги претставува европските граѓани во една од клучните институции на Европската Унија.

Најнови вести од: Регион

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

Уапсените за подготвување атентати во Грција се поврзани со косовската УЧК?! – Еден од нив ја нападнал полициската станица кај Гошинце во 2015!

Членови на мрежата, поврзана со Иран, што ја разбија разузнавачките служби на Македонија и Грција, за која се верува дека подготвувала атентат врз грчки бизнисмен од иранско потекло, во минатото биле поврзани со Ослободителната војска на Косово, тврдат извори на грчкиот весник „Катимерини“.

To top