Македонија

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Премиерот вели дека со обидува да не ја коментира опозицијата, бидејќи смета оти нејзиното раководство не се занимава со државна политика, туку со личен напад врз него.

– Не сакам да коментирам ваков начин на незрело однесување на лидерството во опозицијата. И ќе го задржам ова право да не го коментирам. Еве, ќе се обидам со една реченица да кажам – ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детската градинка во Шуто Оризари.

Во врска со најавата од опозицијата дека ќе поднесат предлог закон за ветинг на функционерите поранешни и актуелни, Мицкоски истакна дека нема потреба да се чека таков закон и оти и сега има институции и механизми преку кои може да се направат проверки.

– Па нека има предлог-закон, никој не го оспорува тоа. Но и сега може Управата за јавни приходи да направи ветинг, да провери. Имаат и сега алатки да проверат како се стекнува со златни визи во егзотични дестинации како Дубаи, колкав влог треба за да се стекнете со таква виза, како се ужива на скапи јахти на егејското крајбрежје итн. Управата за јавни приходи и сега може да провери и како политичари возат скапи автомобили сопственост на фирми, кои добивале тендери за јаглен, па како средствата се уплаќани на фирми во Бугарија… – рече Мицкоски. сст/паг/

 

Најнови вести од: Македонија

Потврдена средбата Муцунски-Петрова, Македонија ќе порача дека може да се најде решение само со дијалог

Сподели
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е добиена официјална потврда за одржување билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова утре во Софија, каде се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

Ратко Младиќ, пресуда за ОВК, Децата на Козара, Цар Самоил – како Балканците пак се насамарени

Балканците по којзнае кој пат паѓаат на истиот испит. Гордо ја лапнуваат јадицата фрлена од некој таму горе, се закрвуваат меѓусебно, ги учат и новите генрации да ги хејтаат најбликсите, несвесни дека се злоупотребени, залудени и верувајте повторно претставени како непоправливи глупчовци

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Најнови вести

To top