Македонија

350.000 евра скриени во ѕидот биле од црвен пипер, дињи, лозје…

Мајката тврди дека парите биле нејзини и дека ги чувала за црни денови и дека никој не знаел за тоа

Донка Ристова, мајка на апелациониот судија Ѓоко Ристов кај кого во семејна куќа, скриени зад ѕид во кујна беа откриени  350.000 евра, во Кривичниот суд на денешното судење изјави дека скриените пари во ѕидот биле нејзни и на нејзиниот сопруг, собирани со години.

на , сведочеше неговата мајка. Таа појасни дека во нивната семејна куќа биле извршени претреси во два наврати. Првиот пат не било најдено ништо, но вториот претрес, кој траел два дена, како што рече, ги нашле нејзините пари сокриени во ѕидот во куќата.

Ристова тврдеше дека парите биле нејзини и дека ги чувала за црни денови.

„Таму си најдов згодно место, не од сега, не од лани, туку од 1975 година. Што ќе ми останеше некоја паричка, ќе отворев една плочка, како прозорче, и во фолија си ги ставав паричките, колку ќе имав толку“, сведочеше Ристова.

Според нејзиното сведочење, во скриеното место имало вкупно 350.000 евра.

Од нив, 250.000 евра биле во апоени од 50 евра, додека останатите 100.000 евра биле во апоени од 500 и 100 евра.

Таа пред судот кажа дека парите биле заштеда на неа и нејзиниот сопруг и дека никој друг не знаел за нив.

„Никој не знаеше, тоа беше мое лично и на сопругот“, рече Ристова.

Таа објасни дека парите ги заработувала од продажба на земјоделски производи, наведувајќи дека семејството се занимавало со производство и продажба на бостан, дињи, пиперки, ореви и кајсии.

По продажбата, како што кажа, купувала девизи и ги чувала во скриените места во куќата.

Најнови вести од: Македонија

To top